Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Околу 250.000 црногорските граѓни ширум многу градови во Црна Гора синоќа масовно присуствуваа на молебени и литии во знак на протест против усвоениот Закон за слобода за вероисповед.
Мештаните од повеќе места излегоа на долг пат, на некои места пешачеа и по десетина километри за присуствуваат на молебените и литиите во блиските градови.
Во главниот град на Црна Гора пеш стигнаа припадници на старите црногорски племиња Кучи, Мерниќи, Бјелопавлиќи, Братоножиќи и останати, јави „Б92“.
По неколку часа пешачење, некои и по 50 километри, тие пристигнаа пред Храмот на Христовото воскресение, а „Спутник“ пренесува дека е ова најголем собир досега во Подгорица и дека на него има околу 60.000 луѓе.
„Атмосферата е убава. Многубројни литии тргнаа уште синоќа, некои утринава и во текот на денот, од разни краеви на Црна Гора. Соборени се рекорди во должината на литиите, а ќе биде урнат и рекордот за масовност. Црна Гора на најубав начин ја брани својата вера прадедовска“, изјавил за „Б92“ аналитичарот Лука Радоњиќ.
Отец Предраг Шќепановиќ рекол дека пред Соборниот храм во Подгорица пристигнале десетици илјади луѓе.