6-месечната Луна со „Бетмен синдром“ замина на пионерско лекување на југот од Русија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Луна Фенер е шестмесечно бебе од Флорида кое заедно со нејзината мајка пристигна на југот од Русија каде треба да биде подложено на неколку оперативни третмани со кои треба да биде излекувана големата црна дамка што го прекрива речиси целото нејзино лице, позната и како „Бетмен синдром“.

Мајката Керол Фенер разговараше со руските новинари кога пристигна во Краснодар. „Всушност, пред да дојдам, тие ме нарекоа луда што дојдов тука“, рече мајката. Родителите на малата Луна биле разочарани од „уличното потсмевање“, но и од фактот дека дамката може да се претвори во карцином.

Биле потребни 6 дена за лекарите да ја дијагностицираат состојбата откако таа се роди во март 2019 година. Семејството барало решенија од доктори во САД и добило понуди од многумина.

Хирурзите рекле дека детето ќе помине десетици ласерски третмани, што ќе трае со години. Фенер и нејзиниот сопруг Тијаго Таварес решиле да го доведат своето дете на југот на Русија, откако добиле предлог од хирургот од Краснодар, Павел Попов.

Тој за својот случај дознал од медиумите, по што ја контактирал мајката и и понудил експериментална техника што не е достапна во САД. Според Попов, тој може да му обезбеди на девојчето лекување кое ќе трае околу 18 месеци, при што ќе претрпи 6-8 операции кои ќе чинат 22.750 евра.

Д-р Попов исто така се согласил да ја поврзе мајката на девојчето со неговите пациенти кои веќе биле подложени на вакви третмани.