6-годишно девојче почина во битолската болница – родителите се сомневаат дека добила инфузија со гликоза која го покачила нејзиниот шеќер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


6-годишната Јана од село Кравари вчера почина во битолската болница откако нејзините родители ја донеле на преглед со блага настинка.

Родителите на Јана се сомневаат дека сѐ се случило откако нивната ќерка примила инфузија со гликоза по што ѝ се покачил шеќерот на 19 единици.

Во изјави за повеќе медиуми, родителите на Јана Христовска велат дека состојбата се искомплицирала откако примила инфузија, по што медицинските лица 40 минути се обидувале да ја реанимираат.

Таткото на девојчето, Стојче, се сомнева дека се работи за лекарска грешка затоа што кај девојчето при првичните анализи на крвта се покажало дека шеќерот е покачен на 9, а ѝ била дадена инфузија за која претпоставуваат дека содржела гликоза, па шеќерот се искачил на 19 единици.

Стојче Христовски вели дека неговата ќерка не боледувало од никакви болести, дека била здраво дете, а завчера имала само покачена температура. Престојот на Јана во битолската болница траел само 5 часа.

Телото на девојчето е дадено на обдукција, а од Министерството за здравство најавуваат детална истрага за случајот.