Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Aдекватната хидратација на телото е клучна за нашето општо здравје и благосостојба. И иако консумирањето на доволно вода треба да биде високо на вашата листа со дневни обврски, пиењето вода на празен стомак се покажа како посебно корисно.
Подолу ќе најдете 6 добри причини зошто треба да пиете вода на празен стомак.
Чисти цревата природно
Дехидрацијата е една од најчестите причини за хроничен запек. Дигестивниот систем има потреба од вода за да ги исфли остатоците од храната. Ако во телото нема доволно вода, дебелото црево апсорбира вода, што може да доведе до запек. Консумирањето на вода на празен стомак помага во природното чистење на цревата исто така помага и во регулирањето на дигестивниот систем.
Вода на празен стомак ги исфрла токсините
Стручњаци тврдат дека пијањето вода на празен стомак исфрла токсини од организмот. Ова е главно поради тоа што кога нема ништо во стомакот, водата поефикасно ја врши својота работа, отстранувајќи токсини од телото. Елиминацијата на токсини го подобрува квалитет на кожата и и дава сјај на лицето.
Го зачувува имунолошкиот систем
Научните истражувања потврдуваат дека пијењето вода на празен стомак го засилува имунолошкиот систем, подобрувајќи различни телесни функции. Во поврзани студии, 40 пациенти со тип 2 дијабетес, по 8 недели пиење вода на празен стомак, имале подобра загуба на тежина, како и пониско ниво на шеќер во крвта. Покрај тоа, водата за пиење на празен стомак предизвикала намалување на нивото на холестерол и триглицериди.
Вода на празен стомак зголемува енергијата
Водата е клучна за одржување на нивото на енергија, а уште повеќе кога ја пиете на празен стомак по спиење. Пиењето на вода на празен стомак ги стимулира црвените крвни зрнца, што го зголемува нивото на енергија во телото.
Го убрзува метаболизмот
Не е случајно што секој нутриционист препорачува адекватна конзумација на вода. Брзината на метаболизмот се зголемува за околу 25% ако пиете вода на празен стомак.
Помага во намалување на тежината
Како што водата го забрзува метаболизмот, телото исто така има тенденција да согорува калории. Ова е една од најдобрите стратегии кои можете да ги следите ако сакате да ослабите.
Студена вода или вода на собна температура?
Без разлика дали е студена или на собна температура, конзумирањето на вода наутро на празен стомак има свои предности.
Студената вода брзо го зголемува вашето енергетско ниво, “го буди” вашиот метаболизам и вашиот ум, додека водата на собна температура го смирува организмот и го забрзува варењето што може да биде од корист ако имате проблеми со исфрлање на цревата. Исто така помага во ослободување од стрес.
Состојби на кои треба да обратите внимание
Стручњаци препорачуваат на бремени жени да избегнуваат пиење вода на празен стомак, бидејќи е важно да јадат редовно за да спречат низоко ниво на шеќер во крвта. Затоа често препорачуваат редовни оброци и закуски (6 пати на ден). Исто така, важно е да се напомени дека иако водата може да помогне во намалувањето на внесот на калории и конечно да помогне во губењето на тежината, конзумирањето на премногу вода за да се задржи гладот и небалансираниот оброк со адекватни хранливи материи не е добра идеја. Најдобро е да се пие умерена количина вода, а потоа да се јаде здрав оброк.