6 чекори до совршеното селфи со вашиот веренички прстен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во денешното модерно време на разни интересни, а и бизарни интернет-трендови, свадбената организација започнува многу порано отколку порано, кога започнуваше во моментот кога идната невеста ќе ја започне потрагата по совршениот фустан или највкусната торта.

2

3

Денес, свадбата се најавува и започнува од моментот кога жената ќе го објави својот веренички прстен на социјалните мрежи. Сигурно знаете за што станува збор: фотографија на којашто може да се види женска дланка, со совршен маникир и прстен со блескав драгоцен камен, во комбинација со разни хаштази од типот: #weareengaged, #isaidyes, #engagementring #sparkling #happyday и сл.

4

Овој тренд е толку многу присутен на интернет, што во основа претставува еден модерен начин, со кој се најавува поканата за свадба на пријателите и роднините. Како и да е, селфито со вашиот прстен, ќе има вредност само доколку ја доловува вистинската убавина на вашиот нов аксесоар, со кој се гордеете и со кој сакате да се пофалите. Доколку мислите дека не се снаоѓате добро во правењето на вашата совршена фотографија со вереничкиот прстен, тогаш следете ги овие 5 чекори и прикажете ги неговите најубави карактеристики. 6

Совет за момците: Доколку планирате наскоро да ја изненадите вашата девојка со квалитетен и блескав веренички прстен, кој ќе ја симболизира вашата вечна љубов и страст, а немате идеја за изборот на моделот и каменот, тогаш добро би било да знаете дека моментално во светот, прстените од моисанит се огромен тренд. Тие имаат слични својства како дијамантот, а значително пониска пазарна цена. Повеќе информации во врска со т.н. moissanite engagement rings, можете да прочитате во обемната рецензија на веб-сајтот Lifestyle Updated.

7

8

9

1. Осветлувањето е најважен фактор

Како и со секоја друга фотографија, погрешното осветлување може тотално да ги уништи вашите обиди за креирање совршено селфи, со вашиот нов веренички прстен. Светлото е особено важно доколку правите фотографија со камерата на вашиот паметен телефон. Колку е послаба светлината, толку полош ќе биде квалитетот на сликата. Поради тоа, имајте на ум дека сонцето ви е најдобриот пријател, кога станува збор за правење на одлично селфи со прстен. Генерално кажано, природната светлина е далеку поефикасна за правење добри фотки, отколку вештачката светлина.  13

14

15

2. Позиционирајте го прстенот под кос агол

Важно е да се знае дека, исто како и ние луѓето, така и вашиот веренички прстен има своја „подобра страна“. Со цел да го прикажете во својот полн сјај, потребно е да го откриете аголот под кој тој изгледа најдобро. Косите агли се одличен избор доколку целта ви е да ги прикажете камчињата на обрачот, а фотографиите направени од птичја перспектива, без употреба на блиц, обично се најдобриот избор доколку сакате да го прикажете самиот облик на каменот.

Processed with VSCOcam with c1 preset

18

19

3. Пронајдете ја совршената позадина

Вашето селфи со веренички прстен ќе биде значително поинтересно, ако вложите малку креативност и енергија во селекцијата на позадина. Изборот е неограничен, а добри идеи би биле прекрасен пејзаж, елегантно парче ткаенина, свежи цвеќиња, па дури и кул шолја со вашето омилено кафе. Доколку вашиот партнер ве запроси во текот на летниот одмор, песочна плажа и азурно море се дефинитивно одличен избор за позиционирање за вашето селфи.

20

21

22

4. Немојте да зумирате

Доколку сметате дека вашиот прстен ќе изгледа поубаво ако ја употребите опцијата за зумирање на вашиот телефон, тогаш сте во голема заблуда. Напротив, резултатот ќе биде пикселизирана, наместо убаво дефинирана фотографија. Доколку решите да направите кадар одблизу, сторете го тоа на традиционалниот, старовремски начин: поставете ја камерата поблиску до вашиот прстен. Доколку вашите дланки се тресат, правењето на ваква фотографија може да резултира со матна и непрецизна фотографија. Во овој случај, можете да ја замолите вашата пријателка да дојде и ви помогне околу правењето на фотографијата.

17

24

5. Откријте ја совршената поза

Најверојатно никогаш не би дознале колку чудно ви изгледаат дланките одблизу, сè до моментот кога ќе почнете со вашите обиди за правење на совршената фотка со прстен. Доколку сакате да го избегнете тоа чувство, морате да експериментирате со позите и да ја одберете онаа која убаво го прикажува самиот прстен, а истовремено ги прикрива малите несовршености на дланката, кои не сте ги забележале досега, како што се порите, вените и ситните влакненца.

Бонус совет: Ништо нема да ја уништи фотографијата од несредени или грицкани нокти. Пред да притиснете на копчето, осигурете се дека вашиот маникир е на место. Соодветен избор на боја на лак за нокти е бледо розова или нијанси во боја на кожа, кои само дополнително ќе го истакнат прстенот.

12

5

6. Уредете ја фотографијата во Фотошоп

Откако ќе успеете да го направите селфито кое ве прави задоволни, не се плашете да употребите и малку Фотошоп корекции доколку има потреба од тоа. Апликациите за обработка на фотографии, можат да помогнат околу прикривањето на несовршеностите на кожата. Секако, обработете ја фотографијата само доколку знаете како да го направите тоа, бидејќи во спротивно таа може да изгледа многу вештачко или лошо и да постигне спротивен ефект, кога ќе ја објавите на социјалните мрежи.

Во продолжение, погледнете ја галеријата сочинета од креативни, слатки, паметни и забавни фотографии со веренички прстен и добијте инспирација за вашето совршено селфи.

Автор: Кристина Шумадиева