6,2 степени според Рихтер ја погодија Индонезија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа кoja се наоѓа 74 километри југозападно од Паданг во Индонезија, јави Ројтерс. Досега нема податоци за можни жртви и оштетувања.

Според сведоците земјотресот бил многу силен и ги разбудил жителите, бидејќи се случил точно на полноќ по локално време и траел доста долго. Според мерењата земјотресот се случил на длабочина од 31 милја и се почувствувал до Куала Лумпур, Малезија.

Веднаш била прогласена опасност од цунами иако се проценува дека за да се случи тоа земјотресот треба да биде јак седум степени по Рихтер. Се очекува да има предизвикана штета и разурнати згради.