Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога ќе се спомене името на Мерилин Монро, веднаш тоа е синоним првенствено за женска убавина, сексапил, бескомпромисна заводливост, неодолив шарм и привлечност. Но, синоним е и за бурен и динамичен шоубизнис живот, истоштувачка кариера, љубовни афери со славни фаци, депресија и сето друго останато кое го носело холивудското лудило од тоа време со себе.
Нејзината куќна помошничка, Јунис Мареј, вечерта 4 спроти 5 авугст, 1962 година, останала во домот на Мерилин Монро. Се разбудила некаде околу 3 часот утрото, на 5 август, и почувствувала дека нешто не е во ред со славната убавица и актерка. Иако забележала светлина која доаѓала од под вратата од спалната соба на Монро, Мерилин не одговарала не нејзините повици, а вратата била заклучена.
Мареј го повикала психијатарот на Мерилин, д-р Ралф Гринсон, кој во домот на Монро пристигнал веднаш откако го добил повикот. Провалил во спалната од Монро преку прозорецот и таму ја нашол славната убавица мртва во нејзиниот кревет. Друг лекар кој се грижел за здравствената состојба на Мерилин, д-р Хајман Енгелберг, пристигнал во куќата околу 3:50 утрото и ја прогласил актерката за мртва.
На 5-ти август 1962 година, полицискиот наредник на полицијата на Лос Анџелес – Џек Клемонс – во 4:25 часот, прима повик од д-р Гринсон, кој му кажува дека Монро е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Брентвуд во Лос Анџелес, Калифорнија. Монро кога почина имаше 36 години.
На подоцнежната обдукција, во нејзиниот организам беше пронајден осуммилиграмски процент од хлорал хидрат и 4.5 милиграмски процент од Нембутал, а д-р Томас Ногучи од Истражната канцеларија на Лос Анџелес ќе ја прибележи причината за смртта како „акутно труење со барбитурати“ како резултат на „веројатно самоубиство“.
Многу теории, вклучувајќи и убиство, кружеа по однос на околностите на нејзината смрт и временските околности по наоѓањето на нејзиното тело. Некои теории на заговор ги влучуваа и Џон и Роберт Кенеди, додека други сугерираа соучество на ЦИА или мафијата. Се вели дека последната личност која Монро ја побарала бил претседателот Кенеди.
На 8-ми август 1962 година Мерилин Монро е погребана во гробница во Алејата на Спомените со број 24, во Меморијалната гробница во Вествуд, Лос Анџелес. Монро беше облечена во нејзиниот омилен зелен фустан од Емилио Пуана од Ли Стразберг. Празното место од левата страна на Монро беше купено и резервирано од страна на Хју Хефнер во 1992 година.
Димаџо ги организираше погребалните подготовки на погребот кој се состоеше само од триесет и една личност од блиската фамилија и пријателите. Полицијата исто така беше присутна за да ги држи настрана новинарите. Нејзиниот ковчег беше направен од тврда бронза, порабен со свила со боја на шампањ. Алан „Вајти” Снајдер ја нашминка, што наводно беше ветување направено во претходните години. Во нејзините раце имаше мал букет од розови ружи. Во секоја од наредните 20 години, црвени ружи беа ставани во вазна прикачена на гробницата – годишен ритуал на Џо Димаџо.