Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Педесет и шест повредени е епилогот од пожарот кој избувна за време на летот на рускиот патнички авион од марката Боинг 767, кој поради тоа беше итно приземјен во сибирскиот град Барнаул.
Боингот на московската авиокомпанија Азур ер бил принуден да го прекине редовниот лет од Виетнам за Барнаул откако избувнал пожар во задниот дел од авионот.
Една од патничките е префрлена во локалната болница поради повреди на половината и проблем со бубрезите.
Од болницата соопштија дека нема опасност по животот на пациентката. Поради инцидентот, сообраќајот на аеродромот беше отежнат неколку часа.