56 години од епскиот лет на Јуриј Гагарин – првиот човек во вселената (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


12 април денот е првиот во историјата пилотиран вселенски лет (1961 година) на космонаут Јуриј Гагарин со бродот “Восток” и се одбележува како Меѓународен ден на авијација и космонаутиката од 1969 година со одлука на Меѓународната федерација за авијација (ФАИ).

На 12 април, 1961 година во 6 часот и 7 минути по Гринич – 9 часа и 7 минути по московско време Јуриј Гагарин отиде и направи со бродот “Восток” една обиколка околу Земјата. На височина од 7 километри Гагарин беше катапултиран и со падобран се спушти во колхозниот регион од Саратовската област.

„Слушнав бучава, која се засилуваше. Почувствував дека огромната ракета се затресе и полека започна да се одвојува. Бучавата не беше многу посилна од бучава на млазен авион. Но таа партитура на музички тонови што ја слушав тогаш, ниту еден композитор не би можел да ја компонира“, ги опишува првите секунди на првиот лет во вселената Јуриј Гагарин во својата автобиографија „Пат до ѕвездите“.

На 12 април 1961 година Гагарин достигнал висина од 327 километри, направил круг околу нашата планета и, по 108 минути лет, се вратил на Земјата.  Оттогаш помина повеќе од половина век, а светот е во постојана борба за да остави тестамент за тоа која земја е посупериорна во освојувањето на вселената. Со децении истражувањето на вселената и трката за превласт над неа меѓу државите биле длабоко испреплетени. Ова произлегува од фактот дека голем дел научни истражувања имаат тенденција да се искористат за воена одбрана и напад.

Целиот вселенски лет траел 1 час и 48 минути, но останува засекогаш во историјата на човештвото како лет на првиот космонаут во светот. Авијацијата (од лат. Avis – птица) во теоријата и во практика на летот на леталото во атмосферата, е исто со агрегатниот назив на сродни видови активност.