55 години живее изолиран од светот бидејќи се плаши од жени (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


71-годишниот Калитке Нзамвита решил да се изолира од светот уште на свои 16 години, пред точно 55 години. За да може доволно да се „заштити“, околу куќата изградил ограда висока 4,5 метри.

Што го натера овој жител на Руанда да ја донесе оваа одлука? Тој открива дека „се плаши од жени“, а неговиот проблем е едноставно неподнослив, пренесува Мирор.

Калитке објаснува дека не можел да го поднесе присуството на понежниот пол, ниту можел да разговарам со нив, па се изолирал и направил дрвена ограда околу куќата.

Оттогаш, тој не излегува меѓу луѓето, но тоа не значи дека нема помош од надворешниот свет. Всушност, најмногу му „помагаат“ токму жени!

„Не сака да му пријдеме или да разговараме со него, но ги зема работите што ги оставаме дома, како облека и храна“, вели член на локалната заедница.

Иако никогаш не побарал помош од специјалист, а нема официјална дијагноза, се верува дека Калитке боледува од гинекофобија, ретка состојба која подразбира „нерационален страв од жените“.

„Ме преплашуваат. Се заклучувам во куќата, а имам и ограда, за да бидам сигурен дека нема да ми се приближат“, рекол човекот.

Неговата приказна стана јавна во август, по написот на африканската медиумска компанија „Афримак“.