54.662 работници сè уште немаат земено плата за март


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вкупно 54.662 работници сѐ уште немаат земено плата за месец март. Најчеста причина за тоа е неисплатената помош од петтиот економски пакет кој беше заглавен во Собранието, информира денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

– До законски предвидениот род до 15 април бруто плата не исплатиле 14.998 работодавачи за 54.662 вработени лица – рече Лукаревска.

За разлика од март, февруарската плата не ја исплатиле 3.774 работодавачи за 9.947 работници.

Работодавачите од денеска можат да аплицираат за државната помош за исплата на платите за февруари и март.