500 милиони долари казна за Apple поради намерното успорување на постарите iPhone модели


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Технолошкиот гигант Apple ќе мора да плати казна до 500 милиони долари во рамки на спогодбата која ја постигна на судењето за компанијата на кое истата беше обвинета дека намерно ги успорила постарите модели на iPhone, за да ги принуди корисниците да купуваат нови модели.

Според CNN, со спогодбата е договорено дека Apple ќе плати по 25 долари на секој корисник чиј уред го успориле. Тоа би можело да ја чини компанијата помеѓу 310 и 500 милиони долари.

Од Apple во декември 2017 година признаa дека користеле софтверски надградби за да ја успорат работата на постарите iPhone, откако бројни корисници се пожалија дека нивните телефони по надградбата на софтверот работат многу побавно. Многумина од нив тврдеа дека Apple намерно го сторил тоа за да ги натера да купат нови модели, што од компанијата негираа.

Сопствениците на iPhone во САД сега може по судски пат од Apple да бараат надомест од 25 долари, ако се сопственици на моделите iPhone 6, 6 Plus, 6S, 6S Plus, 7 и 7 Plus.