Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Околу 500 луѓе започнале со бета тестирање на социјалната мрежа „Truth Social“ која е во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, изјавија два извори за Ројтерс.
Тестирањето на социјалната мрежа „Truth Social“ доаѓа една година откако Трамп беше забранет од „Facebook“, „Twitter“ и „YouTube“. Неговиот нов медиумски и технолошки потфат, „Trump Media & Technology Group (TMTG)“, вети дека ќе обезбеди, како што велат, „интересно нецензурирано искуство“ во апликацијата, за која извршниот директор Девин Нанс вели дека ќе биде лансирана до крајот на март.
Сепак, сè уште е во тајност и некои експерти изразуваат скептицизам. Останува нејасно дали целосната слобода на изразување може да коегзистира со правилата за користење пропишани од „Apple“ и „Google“.
Меѓу бета-тестерите на апликацијата е Вејн Дапри, основач на „waynedupree.com“ и водител на конзервативен подкаст.
„Гледам дека мојата вклученост во „Truth Social“ го надминува „Twitter“ бидејќи не сум толку потиснат како што сум на „Twitter“ “, вели Дапри, кој сака да зборува за своите искуства како самохран татко.
До синоќа, на налодот на Трамп на „Truth Social“ имаше 317 следбеници, според информациите со кои располага Ројтерс.
Инаку, пред „Twitter“ да го забрани, Трамп имаше 88 милиони следбеници на таа социјална мрежа.