Home Шоубизнис 50 Сент ги закупи првите редови за концертот од Џа Рул за салата да изгледа празна

50 Сент ги закупи првите редови за концертот од Џа Рул за салата да изгледа празна

Кавгата помеѓу раперите 50 Сент и Џа Рул трае веќе 20 години, период во кој тие двајца си правеа многу бизарни ситуации еден на друг. Но, врвот дефинитивно го достигна 50 Сент со неговиот потег на синоќешниот концерт од Џа Рул.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 50 Cent (@50cent) on

50 Сент ги закупи билетите за сите седишта од првите редови на салата во која беше закажан концертот на Џа Рул, со цел салата да изгледа празна. Потоа, на Инстаграм објави фотографија од некоја полупразна сала и се фотошопираше себеси како седи на едно од празните седишта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 50 Cent (@50cent) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 50 Cent (@50cent) on

Џа Рул му врати објавувајќи фотографија на Инстаграм, на која 50 Сент е фотошопиран со перика и шминка. Потоа, објави уште една фотка од промоција на водка, каде 50 Сент тогаш се фотографирал со транссексуален обожавател, а Џа Рул на фотографијата со помош на Фотошоп додал: „Ова се случува на тие промоции на водка. Пијте одговорно, луѓе“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JaRule (@ruleyorkcity) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JaRule (@ruleyorkcity) on

Кавгата меѓу двајцата рапери почна во ’90-те години од минатиот век, наводно откако Џа Рул бил ограбен во еден трговски центар во њујоршки Квинс, од каде потекнуваат и двајцата. Неколку недели подоцна, Џа Рул изјави дека го видел 50 Сент како седи со лицето кое го ограбило. Џа Рул денес ја негира оваа приказна и тврди дека 50 Сент се налутил бидејќи екипата од Murder Inc. го игнорирала и отфрлила за време на снимањето на песната Murda 4 Life од Џа Рул.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …