Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По цели 50 години потрага и обиди да ги фати на камера, славниот научник сер Дејвид Атенборо успеа да ги сними ретките мајмуни со сина кожа , кои живеат во одреден предел од огромната Кина.
Дејвид Атенборо успеа да ги снима ретките златни мајмуни (Rhinopithecus roxellana) за неговиот нов документарен филм „Седум света, една планета“. Веќе 50 години тој се обидува да ги пронајде и договори снимање на овие ретки животни кои живеат во Кина.
„Никогаш досега не сум ги видел на снимка. Еднаш прочитав за нив и мислев дека треба да ги пронајдеме и да ги снимаме – тоа беше во 1960-тите години. Се обидов да ги пронајдам, но не можев да го направам тоа, па морав да се откажам“, рече Атенборо на премиерата на документарецот, пренесува Метро.
„Но, ги чував некаде во умот, сè додека не успеавме да ги најдеме“, објасни тој.
„Дали знаете зошто тие со краток нос? За да не им замрзнат“, го објасни физичкиот изглед на овие мајмуни кои живеат на снежните планини.
Во извадок од документарниот филм на „YouTube“, овие мајмуни се нарекуваат „мајстори на комуникацијата“ затоа што можат да испуштаат звуци без да ги мрдаат устите.