5 видови на лаги кои ги кажуваме секој ден


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Просечна личност дневно кажува помеѓу 10 и 200 пати. Некои од нив се мали лаги, некои се поголеми, а ова се најчестите лаги со кои се служиме секојдневно.

Контролирање на реакциите

Сите тоа го правиме кога прераскажуваме нешто што ни се случило, па ја кажуваме само нашата страна на приказната, и испаѓа дека само ние сме во право. Понекогаш одиме и чекор напред па намерно неточно ја прераскажуваме ситуацијата. А тоа го правиме со цел да го контролираме соговориникот.

Пречутување

Ова го правиме во бројни ситуации, а една од најпопуларните е кога приговараме дека не слабееме и покрај „што не јадиме ништо“. Повеќето луѓе во оваа ситуација намерно ги пречутуваат излегувањето во ресторан и брзата храна, во спротивно ќе мора да признаат во што е проблемот.

Претерување

Доколку приказната за лудакот во гужвата, започнеме да ја раскажуваме на објективен начин, ќе сфатиме и дека не е толку луд. А тоа нам не ни е цел доколку сакаме да ја направиме интересна приказната. Претерувањето е техника со која се служиме за секогаш да бидеме во право, барем во нашите приказни.

Самозалажување

Механизмот кој нѐ чува од фактите кои би можело да ни наштетат. Не е важно дали се работи за раскинување и се тешиме дека постои надеж да се смириме или намалување на нечие лошо однесување. Со самозалажувањето се штитиме од работите кои би можело да предизвикаат болка.

Трачарење

Трачовите кои сакаме да ги споделиме со другите можеби не се вистинити, но ретко кога го признаваме тоа. Поголем дел од нив ги изнесуваме како потврдени факти, без да провериме колку во нив има вистина.