5 совети за совршено печено прасе!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Печеното прасе и француската салата се вообичаен дел од менито за новогодишните празници. Па, ако издржавте со пости, сигурно ќе сакате да се наградите со едно убаво прасешко печење. Еве неколку совети за да испечете соврешено прасе!

Посолете го месото една вечер пред печењето
Посолете го месото задолжително и оставете го во фрижидерот да преноќи, а така солта ќе влезе што подлабоко.

Отстранете ја влажноста од месото.
Најдобрите резултати ќе ги постигнете ако го ставите месото да се пече откако стоело на собна температура. Затоа добро би било парчето кое ќе го печете да го извадете на собна температура барем еден час да пред печење.

Загарантирајте ја крцкавоста на кожата
Со нож внимателно засечете ја кожата неколку милиметри, па тогаш ставете го да се пече во однапред загреана рерна. На овој начин маснотиите ќе излезат на површината на месото, а кожата ќе биде крцкава и вкусна.

Не заборавајте на полевање
Прасето обично се става да се пече во длабок сад за печење со зачини и зеленчук, па затоа за време на печењето полевајте го со сокот кој се создава.

Завртено печење
Крцкавата кожа и мекото месо може да го постигнете и ако парче од месото ставите директно на решетката во рерната на обратен начин, а под решетка ставете сад за печење. Директната изложеност на кожата ќе ја загарантира крцкавоста на кожата, а цело вишок од маснотии ќе истече во садот.