Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истражувањето покажало дека жените се подготвуваат за водење љубов со новиот партнер до 6 часа, а што навистина забележуваат мажите кај жената?
Маникир, педикир, депилација, солариум, лосион за тело, долна облека, фризура и шминка се само дел од рутините за убавина кои жените ги користат за да блеснат во кревет и да го шармираат својот нов партнер. Но, мажите се многу поедноставни суштества, па некои работи воопшто не ги забележуваат
Магазинот Men’s Health спроведе истражување и на своите читатели им го постави прашањето: Што забележуваат мажите кај жената при првиот секс? Иако одговорите беа различни, некои беа повторени неколку пати и покажаа дека мажите не забележуваат ситници како сенка на очите или нови прамени, додека секако мирисот на кожата и изразот на лицето се предизвикувачи на страста.
Поконкретни работи побарајте во остатокот од овој текст…
САМОДОВЕРБА
Нема ништо позаводливо од жена која се чувствува сигурно во сопствената кожа и не се плаши да го покаже тоа. Кога таа ќе ја соблече гардеробата, тој не ја забележува фризурата во бикини, сувата кожа или педикир, туку еротскиот говор на телото што може да го собори за само неколку секунди.
ДВИЖЕТЕ
Женската прошетка, нишањето на колковите и движењата на телото кои зрачат со женственост се едни од најсилните машки сексуални поттикнувачи. Тој не ја гледа вашата фризура или намачканата маскара, туку вашето тело кое се ниша на допир.
ИЗРАЗ НА ЛИЦЕТО
Страста и желбата што може да се види на женското лице е апсолутно неодолива за мажите. Нема да го забележи лосионот со сјај, туку изразот на лицето при страсни прегратки. Слатките гримаси на врвот на сексуалниот чин се нешто посебно и возбудливо за нив.
ОБЛИНИ
Голо женско тело во полутемнината на собата е глетка на која ниту еден маж не може да и одолее. Тој не ги гледа вашите стрии или целулит, туку заводлива силуета украсена со женствен стомак, задник, колкови и гради кои ќе го соборат од нозе.
МИРИС
Секој човек има свој специфичен мирис на кожата. Тој не сака да го мириса вашиот нов парфем или тоалетна вода, туку природниот мирис на вашата кожа кој станува посилен за време на страсно водење љубов, а кој подоцна со задоволство ќе го мириса на облеката и чаршафите после секс.