Home Живот и здравје 5 причини зошто да почнете со тренинг со тегови

5 причини зошто да почнете со тренинг со тегови

5 причини зошто да започнете со тренинг со тегови

Ако сѐ уште се двоумите дали тренингот со тегови е добар додаток на вашата фитнес-рутина, во продолжение ќе ви откриеме 5 солидни причини зошто уште денес да набавите гира и да ги користите при секоја вежба.

1. Тренингот со тегови помага во контрола на телесната тежина

Колку повеќе мускули има вашето тело, толку повеќе калории согорувате – без разлика дали вежбате или не. Мускулното ткиво троши повеќе енергија од кое било друго ткиво во телото. Значи, кога ќе станете посилни, ќе започнете да согорувате повеќе калории секој ден. На тој начин, тренингот со тегови ќе ви помогне полесно да ја одржувате вашата тежина под контрола.

2. Ви ја зачувува физичката сила

Секојдневните активности бараат одредено ниво на физичка сила. Со редовна програма на тренинг со тегови, ќе ја зачувате способноста за извршување на секојдневните обврски без голем напор или потешкотии.

3. Го намалува ризикот од повреди

Тренингот со отпор, како што е оној со тегови, не само што ја зголемува мускулната сила, туку и ја зајакнува сврзната ткивна структура – како што се тетивите. Повредите на тетивите се чести како во спортот, така и во секојдневните активности. Редовното вежбање со тегови значително го намалува ризикот од вакви повреди.

4. Спречува остеопороза

Остеопорозата влијае и врз мажите и врз жените. По 50-тата година, дури 50% од жените и 20% од мажите имаат ризик од фрактури како резултат на остеопороза. Решението е да го зајакнете телото преку тренинг со отпор. Вежбањето со тегови ја зголемува густината и силата на коските, што придонесува за превенција од остеопороза.

5. Тренингот со тегови ја подобрува кардиоваскуларната функција

Вежбите со гира или машини со статички тегови носат бројни здравствени бенефити. Иако овој тип тренинг не е толку динамичен како аеробните вежби, потребата за кислород на работните мускули сепак има ефект врз подобрување на функцијата на срцево-судовиот систем.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

9 евтини домашни рецепти против отечени нозе

Повреда, прекумерна физичка активност, вишок килограми, преголем внес на сол и лекови може…