5 причини да ги сакате јагодите уште повеќе

5 причини да ги сакате јагодите уште повеќе

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кој би помислил дека малите црвени плодови кријат многу корисни својства.

Кога мислиме на летните овошја, јагодите се во првите пет на листата. Прекрасната боја, слаткиот вкус и многуте начини на кои можете да ги користите во вашата исхрана ги прават јагодите толку неодоливи. Она што можеби не го знаете за слаткото црвено овошје се уникатните придобивки што ги има за целокупното здравје на вашето тело.

Јагодите се богати со витамин Ц, антиоксиданси и различни полифеноли кои имаат неверојатни придобивки за здравјето и благосостојбата.

Тие ја поддржуваат имунолошката функција

Витаминот Ц влијае на имунолошкиот систем на многу начини. Овој важен витамин го поддржува имунитетот преку неговите антиоксидантни способности. Така, делувајќи како антиоксиданс, витаминот Ц ги поддржува клетките на имунолошкиот систем, заштитувајќи ги од оштетување што може да се случи кога телото има имунолошки одговор.

Портокалите не се вашата единствена опција за витамин Ц, бидејќи една чаша јагоди обезбедува 85 милиграми (мг) витамин Ц, што е повеќе од 100% од препорачаната дневна вредност за жените и околу 94% од дневната вредност за мажите.

Ја подобруваат функцијата на мозокот

Истражувањата покажаа дека поголемото внесување на јагоди е поврзано со намален ризик од Алцхајмерова болест и деменција, веројатно поради витаминот Ц и полифенолите кои се наоѓаат во црвеното овошје.

Јагодите го стимулираат варењето

Влакната се неопходни за добро варење, а главните влакна кои се наоѓаат во јагодите се нерастворливи. Познато е дека овие влакна непроменети минуваат низ гастроинтестиналниот тракт. Проблеми кои можат да настанат поради нивниот недостаток се запек и воспаление на цревата.

Производство на колаген

Еден начин да се поддржи природната способност на телото да произведува колаген е да се консумира витамин Ц. Како што споменавме погоре, јагодите се богат извор на витамин Ц, па можете да ги прескокнете додатоците и да јадете вкусни јагоди за да го поддржите производството на колаген и да изгледате помладо.

Тие се одлични за борба против депресијата

Јагодите не само што се вкусни, туку можат да помогнат и во ублажување на симптомите на депресија. Да, црвените јагоди го поттикнуваат расположението, но тие се и добар извор на фолна киселина. Истражувањата покажаа дека луѓето на кои им е дијагностицирана депресија имаат пониски нивоа на фолати во споредба со оние кои не биле депресивни. Јадењето повеќе фолна киселина нема да ја излечи депресијата, но задоволувањето на потребите за фолна киселина може да помогне во постепеното заздравување.