Home Мода и убавина 5 предности на маската за спиење – разбудете ја вистинската Успана Убавица

5 предности на маската за спиење – разбудете ја вистинската Успана Убавица

Дерматолозите истакнуваат клучните придобивки од носењето маска за спиење, кои не само што го подобруваат квалитетот на сонот, туку и ја чуваат убавината и здравјето на кожата.

1. ЈА ЗАШТИТУВА КОЖАТА ОД ТРЕНИЕ

За време на спиењето, лицето доаѓа во контакт со навлаките и постелнината, што може да предизвика иритации и ситни брчки. Маската за спиење создава заштитна бариера за чувствителната кожа околу очите, намалувајќи го триењето и можните оштетувања.

2. ГО ПОДОБРУВА КВАЛИТЕТОТ НА СОНОТ

Маските за спиење создаваат целосна темнина, што помага побрзо да заспиете и да влезете во длабока фаза на сон. Квалитетниот сон е од клучно значење за регенерацијата на клетките, зајакнување на имунолошкиот систем и закрепнување на телото по напорен ден.

3. ГО НАМАЛУВА СТРЕСОТ И АНКСИОЗНОСТА

Ако имате проблеми со несоница или анксиозност пред спиење, маската може да ви помогне да создадете идеални услови за релаксација. Освен што ја блокира светлината, одредени маски вршат благ притисок врз очите, што може да има ефект сличен на тежок ќебе, познато по смирувачко дејство на нервниот систем.

4. ИДЕАЛЕН СОЈУЗНИК ПРИ ПАТУВАЊА

Промената на околината често го нарушува сонот, а истражувањата покажуваат дека телото во непознати простори останува во „ноќна стража“, спречувајќи длабок сон. Маската за спиење помага полесно да се прилагодите и заспиете, без разлика каде се наоѓате.

5. ГИ НАМАЛУВА БРЧКИТЕ И ФИНИТЕ ЛИНИИ

Недостатокот на сон може да го забрза процесот на стареење, а и положбата во која спиете игра улога. Ако спиете настрана или на стомак, лицето се притиска врз перницата, што може да придонесе за појава на брчки. Со носење на свилена маска за спиење, го намалувате притисокот врз кожата и го спречувате предвременото стареење.

За уште подобар ефект за убав сон, комбинирајте ја маската со свилена навлака за перница и разбудете се свежи и одморени како никогаш досега!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Стилски водич: Бордо и каки – совршена хармонија на бои што ги освојува модните писти и улиците ширум светот

Бордо и кхаки — оваа моќна комбинација зрачи со луксуз и суптилна елеганција, додека во ис…