Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога се во прашање енергетските пијалоци, се чини дека здравствените опасности ги надминуваат нивните предности.
Научниците тврдат дека нивното конзумирање станува „значање здравствен проблем во иднина“, а каква штета прават на организмот прочитајте во продолжение.
Ментално здравје
Со истражувањето е откриено деак тинејџерите кои пијат енергетски пијалоци имаат зголемен ризик од депресија. Исто така се покажало дека ризикот и за други ментални проблеми бил поголем кај оние кои ги конзумирале енергетските пијалоци.
Оштетување на бубрезите
Вишокот на кофеин се поврзува со бубрежните болести, затоа што може да го зголеми високиот крвен притисок. А познатата состојка таурин може да предизвика некои хронични болести на бубрезите. Се уште точно не знаат дали малите дози на таурин може да му наштетат на бубрезите.
Дијабетис тип 2
Енергетските пијалоци го зголемуваат ризикот од развој на шеќерна болест тип 2. Многу од овие енергетски пијалоци содржат 8 пати повеќе кофеин од кафето, а исто така и многу голема количина на шеќери во нив. Просечно енергетсите пијалоци содржат околу 54 грама шеќер, што е повеќе од дневно препорачаната доза.
Кардиоваскуларни проблеми
Прекумерната потрошувачка на енергетски пијалоци може да предизвика сериозни проблеми за вашето срце. Енергетските пијалоци се поврзуваат дури и со срцевите застои, па и смрт во ретки случаеви.
Ерозија на забите
Киселата pH вредност и многуте шеќери може да предизвикаат проблеми со забите, па може да настане ерозија на забите.