5 најголеми мистерии на сите времиња, кои се уште не се решени

најголеми мистерии

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Атлантида е една од најстарите и најголеми мистерии на Земјата, а се верува дека во неа живееле најубавите луѓе на светот.
Факт е дека луѓето значително ги имаат „обработено“ скоро сите аспекти на живеењето. Сепак, постојат некои факти кои сѐ уште не може да ги разјасниме и да ги пронајдеме точните одговори на тие прашања. Во оваа статија ќе ги одделиме најинтересните 5, кои се рангирани од страна на истражувачите.

Изгубениот град

Атлантида е еден од најстарите и најголеми мистерии на Земјата. Уште од дамнешни времиња луѓето се труделе да ја лоцираат Атлантида. За Атлантида се верува дека е потопена од цунами, откако се случиле големи земјотреси. Грчкиот филозов Платон, ја опишувал Атлантида како остров кој се наоѓал близу Гибралтар, кој е дом на најголемата цивилизација на Земјата.

Мумии

Односно, ова не се мумии туку совршено зачувани тела кои се пронајдени во многу катакомби, низ делови на северна Европа. Својствено за човековите тела е тоа што се распаѓаат, но овие останале нераспаднати, па дури останале зачувани и внатрешните органи.

Илјадници од тие тела потекнуваат од железно доба, и на многу од нив се наоѓаат траги на насилство. Најверојатно се работи за убивање на луѓе, за потребата на некој пагански ритуал. Но сѐ уште не постојат докази за тоа зошто телата се фрлени низ делови на Германија, Ирска, Велика Британија и некои нивни соседни земји.

Џек Трбосек

Најозогласениот убиец на сите времиња, на кого идентитетот сѐ уште не му се знае. Се работи за сериски убиец кој е одговорен за многу брутални убиства во 1888 година. Низ годините многу се зборуваше за неговиот вистински идентитет, па имаше шпекулации дури и дека било вмешано и кралското семејство. Но точно кој стоел зад тоа име, не се знае ниту ден денес.

Стоунхенџ

За овој споменик се напишани многу трудови и книги, но никој не успеа да ја најде неговата функција. Стоунхенџ се наоѓа во долината Салисбур. Археолозите дошле до заклучок дека овој споменик датира од 2500 до 3000 години п.н.е и се претпоставува дека е подигнат за време на некоја неолитска култура. Но тоа е се што се знае за него. Неговата примена и значењето ѐе уште се енигма, и за него постојат бројни теории. Најприфатена теорија е дека Стоунхенџ е некој вид гробница, затоа што во негова близина биле пронајдени гробови кои датираат од ист период.

Кралот Артур

Кралот Артур, мечот во камен, магионичарот Мерлин и витезите се дел од легендата за моќниот владетел. Теоријата вели дека тој бил владетелот кој ги победил Саксонците, и го направил царството Англија, Ирска, Исланд, Норвешка и Франција. Но за тоа не постои ни еден цврст доказ. Сето тоа се темели на легендата која се проповедала на војните трупи, со цел подигнување на моралот. Но, освен тоа, не постојат други цврсти докази.