5 милиони прегледи за 12 часа: Епскиот спот на Rammstein за „Deutschland“ ја разбранува јавноста


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Германскиот „индастриал“ бенд Rammstein со својот нов импозантен и епски спот за песната „Deutschland“ предизвика контроверзии поради сцените од нацистички концентрациони логори. Нивното ново видео државниот комесар на Германија за борба против антисемитизмот, Феликс Клеин, го нарече „невкусна експлоатација на уметничката слобода“.

Видеото концептуално е снимено како пресек на цела историја на Германија од почетокот на новата ера наваму, со нагласена бруталност во сценографијата и костимографијата.

Особено ги разбранува духовите во јавноста сцената со четворицата члена на бендот кои стојат со бесилки на вратовите и потоа се обесени, а гитаристот Пол Ландерс на својот затворски костим ја носи Давидовата ѕвезда, со што се брише секаква двосмисленост на значењето и позадината на сцената.

„Со ова видео, бендот ја премина линијата. Инструментализацијата и тривијализацијата на холокаустот, каков што е прикажан во овие сцени, е неодговорна постапка“, изјави Шарлот Ноблох, преживеана од холокаустот и бивша претседателка на Централниот совет на Евреи во Германија, пренесува „Билд“.

Бендот и нивната издавачка куќа засега не ги коментираат ваквите критики и обвинувања за спотот на синглот кој беше објавен вчера.

Инаку, спотот буквално гази на YouTube, каде што е официјално објавен. За само 12 часа има нд 5 милиони прегледи.

Засега сè уште неименуваниот нов албум на Rammstein, после оној од 2009 „Live Its Fur Alle Da“, ќе им биде седмо музичко албумско издание на германските „индустријалци“.

Бендот, од неговото формирање во 1995 година, често предизвикувал контроверзии и бил обвинуван за користење на наци симболи во нивните спотови. Претходно, бендот предизвика контроверзии и бес во јавноста поради вклучување на снимки од пропагандата за време на нацизмот во спотот за песната „Stripped“.

Во интервју за „Плејбој“, прашан дали повторно би снимил вакво видео, Линдерман категорично одговори: „Не, бидејќи сум уморен сум да слушам дека ние сме десничарски ориентиран бенд. Тоа беше моментот кога си реков себеси дека ја преминавме линијата“.