Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Петгодишната Ели Меј Кларк од Велика Британија почина како последица на комппликација од астмата од која боледувала, откако докторката одбила да ја прими на преглед затоа што задоцнила на закажаниот термин.
Истрагата во врска со овој случај открила дека докторката Џоан Роу од клиниката „Гранџ“ во Њупорт одбила да ја прегледа петгодишната Ели Меј Кларк, поради „правилото на 10 минути“, според кое докторката одбивала да ги прими пациентите кои ќе задоцнат толку или повеќе од тоа.
Истражниот судија изјави дека со тоа била „пропуштена можност за лекување кое можело да го спаси животот на девојчето“. По сослушувањето во Њупорт, семејството на девојчето изјавило дека болницата ја изневерила нивната доверба. Мајката, Шенис Кларк, рекла дека побарала домашна посета кога Ели Меј почнала да дише тешко и не можела да оди од училиште кон дома во јануари 2015 година. Наместо домашна посета, клиниката закажала итен преглед 25 минути подоцна. Во телефонскиот разговор со претставник од клиниката, мајката нагласила дека е можно да доцнат бидејќи доаѓаат со автобус.
Мајката на рочиштето изјавила дека наместо во 17 часот во клиниката пристигнале во 17.10 часот, но рецепционерката Ен Џонс им рекла дека задоцниле 18 минути. Тогаш и доктораката Џоан Роу им рекла дека ќе мора да се вратат следното утро. Шенис Кларк изјавила дека била многу лута и вознемирена во врска со одлуката на докторката, а Ели Меј ја запрашала: „Зошто докторката не сака да ме прегледа?“. Роу исто така не прашала зошто е закажан итен преглед, ниту пак го погледнала здравствениот картон на девојчето пред да одбие да ја прими.
Дома, на секои 10 до 15 минути мајката ја проверувала состојбата на болната ќерка, а околу 22.30 ја слушнала како силно кашла. Ели Меј потоа паднала од креветот и кожата и добила сина боја. Девојчето било итно пренесено во болницата „Ројал Гвент“, но таму починало.
Семејството објави изјава во која се вели дека биле разочарани бидејќи докторката не била обвинета за небрежност. Доктоката пак изјавила дека ќе постапела поинаку доколку го погледнела здравствениот картон на Ели Меј. Кога била запрашана за правилото од 10 минути, таа одговорила: „Ако мора да прегледате 25 пациенти наутро или попладне, а многумина од нив доцнат 15 или 20 минути, никогаш нема да можете да ја завршите работата“.