5 фотографии од Google Maps кои никој не може да ги објасни


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вонземјани, ангели, демони и Бигфут – овие се само дел од теориите кои ги следат овие необични кадри и глетки кои со својата камера се забележани од Google Maps.

YouTube каналот Dark5 ги претставува петте најмистериозни сцени за кои некои тврдат дека се обична случајна појава и глупост, но други веруваат дека во сето тоа има нешто повеќе.

Фотографија 5

Во Флорианополис, Бразил, на снимката од улица од 2013 година Google го замати кадарот на она што се чини како обичен рекламен излог. Сепак, приближувањето на глетката оддава впечаток дека станува збор за нешто што наликува на лик и лице од ноќните кошмари кое како да се пробива од мракот на некоја друга димензија. Некои веруваат дека станува збор за Cabeca Satanica, глава скитничка чии широко отворени очи и злобна насмевка влеваат страв кај оние кои минуваат сами во темницата.

Фотографија 4

Глетката од 2015 година од францускиот град Нанси открива балкон кој изгледа како да е фотографски изменет во обид да се прикрие некое морбидно и неидентификувано суштество кое се гледало во 2011. На таа слика се наоѓа некој облик на деформирано суштество за кое многумина тврдеа дека е вонземјанин. Според теоретичарите на заговори, имајќи во предвид дека фотографијата е пуштена пред од Google да ја цензурираат, а потоа и коригираат – тоа дефинитивно не е без причина. Дополнително се појави уште една необична фотографија со слична глетка, која Google редовно ја отстрануваше.

Фотографија 3

На канадски автопат во 2013 година окото на Google Maps фати необична сцена, за многу брзо темната фигура од истата да се повлече во густата шума од Британска Колумбија. Ловците на Бигфут од тогаш тврдат дека тоа суштество е токму Бигфут, имајќи во предвид дека таа област е позната по наводните забележувања на ова митско суштество, особено кај деловите со питка вода. Слична појава е видена и на снимка од канадски Редвудс, во 2015 година.

Фотографија 2

Во британскиот град Ливерпул, на „street view“ снимка од 2014, наводно се гледа дух на русокосо девојче кое се наведнува низ прозорецот од едно напуштено сиропиталиште. Тој комплекс бил отворен во 1874 година, но во 1954 година бил претворен во болница за душевно пореметени лица со криминални прекршоци. Од 1997 година просторот е напуштен, а локалните жители тврдат дека местото е опседнато, бидејќи континуирано се пријавуваат необични звуци, светла, појави.

Фотографија 1

Во Италија, на Google Maps, е прикажана прилично необична формација на облак. Скептиците тврдат дека тоа е најава на апокалипсата, а слична работа се случила и во швајцарскиот Квартен. Некои тврдат дека тоа се појави на ангели кои ја чуваат Земјата од демони.