
5 брзи совети за шминкање на вработени жени
Многу девојки и жени кои секојдневно одат на работа често се прашуваат – каков изглед е најсоодветен кога станува збор за шминка во деловна средина?
Понекогаш е тешко да се процени колку шминка е доволно и воедно соодветно за на работа, но нема потреба од грижи – тука сме да ви помогнеме. Ви ги откриваме петте најкорисни совети за секоја вработена жена која сака да изгледа свежо и негувано.
1. Размислете за вашиот животен стил
Дали сте личност која редовно се шминка? Дали сакате шминка кога одите на работа или мислите дека не ви е потребна? Истражувањата покажуваат дека жените кои носат шминка на работа често се доживуваат како посимпатични и покомпетентни. Но, она што е најважно е да одлучите според личното чувство – направете го она што вам ви одговара најмногу.
2. Одредете каков тип на шминка сакате да користите
Дали ви е важна маскарата? Течниот пудер? Руменилото? Има навистина огромен избор на производи за шминка и затоа користете само она што сакате да го истакнете. Изберете производи со долготрајна формула кои нема да бараат чести поправања во текот на денот.
3. Професионален изглед е клучен
Многу е важно шминката да биде прикладна за работно опкружување. Вечерниот изглед не е ист како оној за канцеларија. Потрудете се да изгледате уредно и умерено – сè треба да биде со мерка, ненаметливо и уредно нанесено. Професионалноста пред сè.
4. Прегледајте ја вашиот несесер и надополнете го
Откако ќе одлучите што ќе користите, проверете што веќе имате од шминка и купете го она што ви недостасува. Најчесто користените производи се пудерот, маскарата, руменилото и карминот. Ако сте повешти со шминка, може да додадете и сенки, моливче за веѓи и слично.
5. Подгответе се навечер
Изберете ја навечер облеката што ќе ја носите утредента и одвојте неколку шминкерски производи што ви се потребни. На тој начин ќе заштедите драгоцени минути наутро, без паника и брзање. Ќе знаете точно што да облечете и која шминка да нанесете кога сè уште се разбудувате.