Home Актуелно 5,3 степени според Рихтер го стресоа Крит

5,3 степени според Рихтер го стресоа Крит

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа во 23:30 часот по локално време го погоди грчкиот остров Крит.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри под морското дно, на околу 60 километри источно од градот Хераклион, соопшти националниот институт за геодинамика.

Локалните медиуми јавуваат дека засега нема податоци за настрадани лица и за причинета материјална штета.

По силниот земјотрес во период од половина час имаше три потреси, секој од нив со интензитет од по 3,5 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…