467.000 долари за ракописно издание во кожен повез на книга од Џ. К. Роулинг


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Илустрираниот ракопис од книгата „Приказни за Бардот Бидли“ (Tales of Beedle the Bard), од британската писателка Џоан К Роулинг, авторката на хит серијалот за малиот волшебник Хари Потер, е продадена во вторникот на наддавање во Лондон за 368.800 британски фунти, или 467.000 американски долари, соопшти аукциска куќа Sotheby’s.

Станува збор за една од седумте книги кои Џоан Роулинг своерачно ги напишала и илустрирала. Своевремено овие мали изданија во црн кожен повез, украсени со сребрен орнамент и полускапоцени камења биле подарени од писателката на „сите оние кои имале најблиски врски со книгите за Хари Потер“.

15-12-kniga-rouling1
„Во втората половина од денот примерок од книгата ’Приказни на Бардот Бридли’, своерачно напишана и илустрирана од Роулинг беше продаден за 358.750 фунти на анонимен купувач, кој наддаваше по телефон. Примерокот е третиот од седумте кои Роулинг ги направила самата“, се наведува во соопштението објавено на мрежната страница на аукциската куќа Sotheby’s.

Првичната процена на понудениот експонат изнесуваше меѓу 300 и 500 илјади британски фунти.

15-12-kniga-rouling2
Овој ракопис со серискиот број 3 му бил подарен на издавачот на Роулинг, Бери Канингам, кој ја објави првата книга за Хари Потер. Поткорицата, во чијашто средина е нацртан череп е проследена и со посветата „Бари, човекот кој сметаше дека стегнатиот роман за момчето волшебник со очила би можел да се продава. Благодарам“.

Кафената кожна корица на книгата е украсена од полускапоцени камења и череп изработен од сребро. Сите седум примероци биле издадени во 2007 година за продажба на добротворна аукција, а една од книгите беше продадена во компанијата „Amazon“ за речиси 1,95 милиони фунти, или околу 4 милиони долари според тогашниот курс на американската валута.

15-12-kniga-rouling4
Ракописите им биле подарени на шест лица кои имале најнепосредно учество во тоа приказната за момченцето волшебник да стане една од најпознатите на планетава, развивана во осум романи и исто толку филмови.