46 жени кои го менуваат светот според Times


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Престижното списание Times објави листа со имињата од 46 жени кои ги менуваат светските текови на нашата современост. На пописот се наоѓаат жени од разни области и сегменти од животот, а меѓу нив се најдоа Хилари Клинтон, Опра Винфри, Серена Вилијамс и Селена Гомез.

Во интервјуата кои ги направи списанието, секоја од овие 46 жени ја сподели својата мисла водилка и настаните кои засекогаш ги дефинирале и изградиле нив како личности.

Опра Винфри веќе 25 години ја води една од најгледаните телевизиски шоу емисии во историјата на телевизијата како медиум. Истакна дека сите одлуки во врска со работата и приватниот живот ги носи врз основа на својата совест, чувствата и убедувањата. Нејзина мисла водилка е „Не е важно каде се наоѓате во животот, не сте сами“. Животот го посвети на борбата за рамноправност на жените и помагање на лицата со посебни потреби.

Кандидатката за прв женски претседател на САД и бившата прва дама, сенаторка и секретарка на САД, Хилари Клинтон, својот живот го посвети на борбата за еднакви права на жените во политиката. Нејзиното мото е „Вредеше да се бориш“. Истакна дека е многу горда на целиот свој тим кој лавовски се бореше, како и дека после „падот“ станаа уште посилни и поспремни за уште поголема борба. Во своите книги и на предавањата младите жени ги советува да се залагаат за себеси и дека во политиката можат да бидат еднакво успешни како и мажите.

На листата се наоѓа и младата пејачка Селена Гомез, која е прва личност со 100 милиони следбеници на Инстаграм во историјата на оваа социјална мрежа. Во интервју за Times кажа дека сета заслуга за тоа што станала жена каква што е ја припишува на нејзината мајка. Нејзино мото е „Да си ранлив, значи да бидеш силен“.

„Мајка ми одела во средно школо кога ме родила. Работела по неколку работи истовремено, но никогаш не ме запоставила и секогаш правела да се чувствувам дека можам да постигнам сè што ќе посакам во животот. Ме научи на сè што знам“, вели Гомез.

На листа со 46 жени кои го менуваат светот се најдоа следните имиња: Медлин Олбрајт, Мери Бара, Патрисија Бат, Елизабет Блекбурн, Урсула Барнс, Кендис Кејн, Хилари Клинтон, Ајлин Колинс, Келијан Конвеј, Мо’не Дејвс, Елен ДеГенерис, Габи Даглас, Рита Дав, Ен Данвуди, Ава ДуВернеј, Силвија Ерл, Арета Френклин, Мелинда Гејтс, Ники Халеј, Карла Хајден, Мази Хироно, Мае Џејмисон, Маја Лин, Лорета Линч, Рејчел Медоу, Рита Морено, Џенифер Јух Нелсон, Илхан Омар, Даница Патрик, Ненси Пелоси, Мишел Фан, Иса Рае, Лори Робинсон, Шерил Сендберг, Кетрин Џефертс Шор, Синди Шерман, Кетрин Смит, Кетрин Саливен, Шонда Рајмс, Барбара Волтерс, Алис Вотерс, Геиша Вилијамс, Серена Вилијамс, Опра Винфри, Селена Гомез и Џенет Јелен.