Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вчера, на пат кон болницата „8-ми септември“; почина 45-годишен скопјанец заболен од коронавирус.
Според дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) починатиот 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден за позитивен на коронавирус преку Ветеринарен факултет.
Со ова вкупната бројка на починати пациенти од КОВИД-19 во нашата земја во изминатите 24 часа изнесува 27.
На Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 67 пациенти, шест се на механичка вентилација, а 12 се со потешка клиничка слика. Има влошување на состојбата на родилката од Куманово. Таа е респираторно независна, но со потешка клиничка слика на белите дробови.