Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Стапката на сиромашни лица во Македонија во 2015 година изнесувала 21,5 проценти објави Државниот завод за статистика.
Минатата година 445.000 граѓани живееле под прагот на сиромаштија кој за едночлено домаќинство изнесува 78.000, а за четиричлено домаќинство 164.000 денари годишен приход.
Највисока стапка на сиромаштија има кај најмладите односно децата до 17 години и таа изнесувала 28,6 проценти, а најниска кај највозрасните односно постарите од 65 години, кај кои изнесувала 14,5 проценти.
39,7 проценти од невработените, 8,9 проценти од вработените и 7,3 проценти од пензионерите живеат во сиромаштија.