41 месец затвор за маркантниот лик од КуАнон движењето за упадот во американскиот Конгрес


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Еден од најмаркантните и најпрепознатливи следбеници на онлајн теоријата на заговор КуАнон доби казна од 41 месец затвор за учество во упадот во американскиот Конгрес на 6 јануари годинава.

Џејкоб Ентони Ченсли, попознат како Шаманот на КуАнон, беше меѓу стотици приврзаници на Доналд Трамп кои се обидоа да го спречат Конгресот да ги ратифицира резултатите од претседателските избори и победата на Џо Бајден.

Тој претходно се изјасни како виновен за едно кривично дело, попречување на службена постапка и казната што ја доби е една од најголемите досега изречени во врска со нередите. Покрај затворската казна, тој по ослободувањето ќе биде надгледуван 36 месеци.

Носејќи мечкино крзно и рогови на главата, 34-годишниот Ченсли беше еден од најпрепознатливите поединци во смртоносната опсада на Конгресот, кога починаа четири лица, од кои еден полицаец. Иако не беше обвинет за насилство, обвинителите кажаа дека тој бил јавно лице на нередите. При изрекувањето на казната, Ченсли кажа дека сака да еволуира и дека направил грешка.

Следбениците на Кјуенон веруваат дека Трамп води тајна војна против кабал на сатанистички педофили во владата, медиумите и бизнисот.