Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Огромен број поддржувачи на отцепувањето на Каталонија од кралството Шпанија вчера излегоа на улиците во Барселона на протест на три недели пред референдумот за независност, кој што Мадрид го забранува.
Според првичните информации околу 400.000 луѓе учествуваат во демонстрациите во Барселона додека сè повеќе се заострува реториката меѓу таа богата североисточна покраина и шпанската централна власт.
Демонстрантите, на себе имаа црвено-жолто-сини сепаратистички знамиња, носеа транспарент „Збогум Шпанија“, и маршираа во центарот на Барселона.
Протестите се одржуваат на денот на национален празник на Каталонија нарече Диада.
Уставниот суд на Шпанија го суспендира законот за референдум, кој во средата беше усвоен од каталонскиот регионален Парламент, додека Државното обвинителство најави тужба против Пуџдемон и другите членови на неговата Влада поради злоупотреба на положбата, а од вработените во јавниот сектор побара да не учествуваат во организирање на референдумот.
„Ова е легален референдум, во согласност со законите кои ги усвои Парламентот на Каталонија“, наведе Пуџдемон.