Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реакцијата на еден татко на кратките фармерски жешки панталончиња од неговата ќерка тинејџерка стана хит на интернет, а него го нарекоа татко на годината.
„Ти своите го носиш во јавност? И јас ќе ги носам моите. Вовед по родителство“, напиша Џејсон Хајли во описот од снимката која ја објави на Фејсбук пред неколку дена, а која стана вирален хит со над 40 милиони прегледи.
На снимката Хајли и помладиот брат од тинејџерката влетуваат кај неа во соба.
„Кендал, мора да разговараме“, започнува таткото со својата лекција, после што бара од неговата ќерка да ги најде нејзините кратки панталончиња за тој да ги спореди со своите.
Во еден момент тинејџерката протестира дека нејзините панталончиња „воопшто не се толку многу кратки“.
„Не се ни моите“, вели таткото.
„Апсолутно прекрасно, татко на годината“, „одлично направено, паметен начин нештата да се видат од правилна перспектива“, „таа е среќничка, еден ден ќе го разбере“ се само некои од купот пофалби кои ги доби таткото за својата лекција по родителство.