40-годишен маж се самозапали во Кочани


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес околу пладне, во Трговскиот центар во Кочан, 40-годишен маж се самозапали и со тешки повреди беше пренесен во болница во Скопје.

Очевидци велат дека тој се полеал со бензин и се запалил со запалка. Случајни минувачи се обиделе да му помогнат со противпожарни апарати од дуќаните во трговскиот.

Мажот бил пренесен во болница во Кочани, по што поради сериозноста на здравствената состојба итно е префрлен на клиника во Скопје.