Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Социјалните работници во Велика Британија спасиле од робовски живот човек кој 40 години живеел во колиба и работел како роб за едне 79-годишен старец.
Човекот на 58 годишна возраст живеел во колиба во дворот со површина од 2 квадратни метри и работел како роб за еден 79 годишен старец во местото Карлајл во Кумбрија. Британските социјални работници направиле рација заедно со полицијата и го ослободиле човекот кој живеел во модерно, должничко ропство, по што бил однесен во медицинска установа на закрепнување.
Било утврдено дека ваквиот вид на ропство и денес сè уште постои во Британија, Белгија и Португалија.
Од социјалните служби на Британија апелираат до граѓаните доколку забележат ваква појава, да ја пријават. Идентитетот на злоупотребениот човек и на неговиот робовладетел, не се соопштуваат, а нема информација и дали старецот е приведен.