40 години проживеа сам во шумата – научниците денес му се благодарни за тоа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Готик, во Колорадо, е едно од најстудените места во САД. Овој град на духовите е напуштен речиси сто години, уште од 1920-те години на минатиот век, но има еден човек кој сè уште Готик си го нарекува свој дом.

Повеќе од 40 години, единствениот сегашен жител на Готик, Били Бар живее во мала колиба, и исто толку долг временски период собира податоци за снежните наноси и снегот генерално, со цел да му помине времето. Во филмот кој Морган Хејм од Day’s Edge Production го сними за Били, го профилира овој легендарен лик кој на научниците им има обезбедено непроценливо вредни и значајни информации за климатските промени.