Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес, 4 мај, се навршуваат 40 години години од смртта на доживотниот претседател на бившата Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито.
Броз кој уживаше голем углед во светот и земјата, го предводеше партизанското движење во Втората светска војна кое резултираше со формирање на федеративна Југославија, во која како рамноправна држава партиципираше и Македонија.
Тој беше на чело на народните маси и комунистичката партија 35 години, а почина по тешко боледување во Љубљана, Словенија на 4 мај 1980 година.
Десет години по неговата смрт започна распадот на Југославија што резултираше со повеќегодишна крвава граѓанска војна и отцепување на сите држави од федерацијата.