Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Unknown Pleasures“ е дебитантскиот студиски албум на култниот англиски пост-панк бенд Џој Дивижн, објавен на 15 јуни, 1979 година, од Factory Records.
Албумот беше снимен и измиксан во три последувателни викенди во Stockport’s Strawberry Studios, во април 1979 година, продуцентски потпишан од Мартин Ханет – фраерот кој инкорпорираше серија неконвенционални продукциски техники во звукот на култната група.
Уметничкиот омот на албумот беше дизајниран од уметникот Питер Савил. Овој албум е единствениот на Џој Дивижн објавен додека беше жив Иан Кертис, легендарниот вокал на бендот и музичка икона која одигра една од клучните улоги во светот на музичката алтернативна и авангардна сцена, чие влијание е евидентно и денес.
Factory Records не објави ниту еден сингл од „Unknown Pleasure“ и албумот не се појави на топлистите, и покрај релативниот успех на дебитантскиот не-албумски сингл на Џој Дивижн насловен „Transmission“. Албумот доживеа позитивни музички критики како влијателен пост-панк албум и беше вреднуван како еден од најдобрите албуми на сите времиња од изданија како NME, AllMusic, Select и Spin.
Настанувањето на култните Џој Дивижн
На 20 јули 1976 година, Самнер и Хук (кои биле пријатели уште од единаесетгодишна возраст) одделно присуствувале на вториот концерт на Секс Пистолс (Sex pistols) во Манчестер, во салата “Lesser free trade”. Следниот ден, Хук позајмил од мајка му 35 фунти и ја купил својата прва бас-гитара. Самер подоцна изјавил дека Секс Пистолс го уништиле митот на поп-звездата, т.е. митот за музичар кој е некаков бог кој мора да се обожува. Инспирирани од нивната изведба, Самер и Хук формирале група со нивниот пријател Тери Мејсон (Terry Mason), кој исто така присуствувал на концертот. Самнер купил гитара, а Мејсон купил комплет тапани. Тие го поканиле другарот од училиштето Мартин Грести (Martin Gresty) да им се придружи како вокал, но тој ги одбил по добивањето работа во локалната фабрика. Оттука, тие поставиле оглас за пејач во продавницата “Вирџин Рекордс “(Virgin Records). Иан Куртис, кој веќе ја запознал тројката среќавајки ги на претходните свирки, се јавил на огласот и бил примен без аудиција. Подоцна, Самнер рекол: „Знаев дека е во ред да започне и врз тоа ја основавме целата група. Ако ни се допаднеше некој, го земавме“. Менаџерот на Базкокс (Buzzcocks) Ричард Бун и одачот на групата Пит Шели (Pete Shalley) предложиле групата да се вика „Стиф Китенс” (The Stiff Kittens) и како такви биле запишани за нивниот прв јавен настап, но сепак, кратко пред свирката, групата го избрала името „Варшава“ според истоимената песна од Дејвид Боуви (David Bowie).
„Варшава“ ја отсвириле својата прва свирка на 29 мај 1977 година како предгрупа на „Базкокс“, „Пенетрејшн“ (Penetration) и Џон Купер Кларк (John Cooper Clarke) во салата “Electric Circus”. Групата го свртела вниманието на пошироката публика благодарение на критиките за свирката, напишани од музичките новинари Паул Морли (Paul Morley) од “Њу Мјузикал Експрес” (NME) и Иан Вуд (Ian Wood) од Саундс (Sounds). Таа вечер, на тапани свирел Тони Табак (Tony Tabac) кој се приклучил кон групата два дена претходно. Мејсон станал менаџер на групата и во јуни 1977 го заменил Табак со Стив Бродердејл (Steve Brotherdale), кој исто така свирел во панк-групата „Паник“ (Panic). За време на неговото свирење во „Варшава“, Бродердејл се обидел да го натера Куртис да ја напушти групата и да им се придружи на „Паник“, па дури го натерал и да се јави на аудиција за групата. Во јули 1977, „Варшава“ снимила пет демо-снимки во студиото „Pennine Sound“, во Олдам. Поради агресивниот карактер на Бродердејл, тој бил отпуштен по демо-сесиите.
Во авуст 1977 година, групата објавила оглас во музичката продавница кој гласел: “Бараме тапанар”. Стефан Морис, кој учел во училиштето кое го посетувал и Куртис, бил единствениот кој се јавил на огласот. Дебора Куртис (Deborah Curtis), жената на Иан, изјавила дека Морис „одговара совршено“ со останатите момци и со неговото влегување „Варшава“ станале „комплетно семејство“. За да ја избегнат забуната со лондонската панк-група „Варшавски Пакт“ (Warsaw Pact), на почетокот од 1978 година, групата се преименувала во „Џој Дивижн“, позајмувајќи го името од едно проститутско крило на Нацистичкиот концентрационен логор, спомнато во новелата „Куќата на куклите“ од 1955 година. Во декември 1978 година, групата ја снимила нивната прва деби-плоча, „An Ideal for Living“ во студиото „Pennine Sound“ и на Нова година, во Ливерпул ја отсвириле нивната последна свирка под името „Варшава“. На 25 јануари 1978 година, во диското “Пип” во Манчестер, на картите повторно го пишувало името „Варшава“ колку да обезбедат публика, но тогаш, групата ја отсвирила својата прва свирка под името „Џој Дивижн“.