40 германски дипломати протерани од Русија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


40 германски дипломати денеска беа протерани од Русија, како одговор на слична мерка која неодамна ја презема Германија како резултат на руската воена агресија во Украина, пренесуваат тамошните медиуми.

Германскиот амбасадор во Москва денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи на Русија каде му била врчена нота. Во оваа нота како персона нон грата се заведуваат 40 вработени во германските дипломатски претставниѓта ширум Русија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Германија на 4 април одлучи да протера 40 руски дипломати, по повод убиства на цивили во Буча, за кои се смета дека ги извршиле руските воени сили.

Повеќе земји на ЕУ одлучија да протераат руски дипломати поради случувањата во Украина.