Актуелно

40.000 литри нафта излиени во едни од најчистите води на планетата

Откако се случил инцидент на терминалот од една рударска компанија во Јужен Пацифик, властите од Чиле изјавија дека во едни од најчистите води на планетата се излеани околу 40.000 литри нафта.

Инцидентот се случил завчера, за време на активностите на компанијата ЦАП, на терминал на островот Гварело, 250 километри северозападно од Порто Наталес.

Чиле почна акција за сузбивање на последиците од излевањето на нафтата врз околината, а причината зошто дојде до загадувањето се уште се испитува, соопшти морнарицата.

Advertisements
To Top