4 видови на јадења кои настанале потполно случајно!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Незгодите се неизбежен дел од животот. Но, што ако наместо незгодна ситуација, тоа се претвори во јадење кое е многу популарно денес?

Верувале или не ова сценарио е потполно реално, а некои многу популарни јадења, настанати се случајно.

Американски кекс

Навистина е тешко за се замисли светот без овие популани колачи со чоколадни мрвици. Но, исто така вистина е дека за многу малку можеше тие да не постојат. Пред 1930 година тие не постоеле, а тоа го променила жената по име Рут Вејкфилд. Таа пробала да на прави обични чоколадни колачи, таа мислела дека чоколадото ќе се стопи, но тоа ја задржало формата и ги добивме колачите во овој облик.

Корнет за сладолед

Корнетот за сладолед е „измислен“ уште во далечната 1904 година на саем во Америка. Настанал благодарение на брзото размислување и снаодливоста на Ернест Хамви. Во тој дел од Америка летата се многу жешки а луѓето на саемот купувале многу сладолед. Но, Хамви останал без садови за сладолед, па го продавал во сириски вафли.

Пиво

Старото пиво било измислено уште во Месопотамија пред отприлика 10.000 години. Древните Месопотамијци своето жито го чувале во огромни силоси, кои биле изложени на разни временски услови. Па така понекогаш житото станувало влажно и ферментирало во одредена врста на пиво.

Чипс

Чипсот е измислен благодарение на Џорџ Крум, сеф за готвење во едно американско одморалиште. Еден од гостите приговарал за тоа дека помфритот бил дебел и мек. Крум одлучил да насечка компир на што е можно потанки парчиња.