Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Телото запаѓа во замка што самите ние му поставуваме кога станува збор за исхраната и спиењето, а сето тоа благодарение на погрешниот избор на храна што ја консумираме во текот на денот.
Верувале или не, вашето тело всушност не сака да складира масти! А тајната за слабеење не е во строгото броење калории.
Тајната е во соработката со вашето тело – почитување на вистинското чувство на глад и балансиран ритам на спиење со цел да се согорат мастите, да се зачува желбата за грицкање и да се врати енергијата.
Истражувањата покажаа дека нашето тело паѓа во стапица што самите ние си ја поставуваме кога станува збор за исхраната и спиењето, а сето тоа благодарение на погрешниот избор на храна што ја јадеме во текот на денот. Резултатот е следниов: сте заробени во циклус на складирање маснотии – постојан проток на хормони кои предизвикуваат глад кои ја прават вашата желба за храна едноставно неодолива.
Но, ако цврсто одлучите да ја доведете во ред природната исхрана исто така и спиењето, конечно можете да се збогувате со масните наслаги на стомакот – пишува Prevention. Јадете ги овие 4 намирници за да имате подобар сон, да изгубите повеќе килограми и да ги стопите салото околу половината.
Риба
Ако вашата исхрана е богата со омега-3 масни киселини, од кои повеќето се наоѓаат во рибата, вашето тело ќе произведе повеќе мелатонин, хормон кој влијае на сонот. Луѓето со дефицит на омега-3 масни киселини не спијат за време на нормални периоди на одмор, што доведува до нездраво прејадување во текот на ноќта.
Рибата е богата и со протеини, кои научно докажано го задоволуваат апетитот. Дури и ќе согорите повеќе калории додека вашето тело ги вари протеините, во споредба со варењето на мастите и јаглехидратите. Покрај тоа, консумирањето омега-3 масни киселини може позитивно да влијае на здравјето на вашето срце и да го намали ризикот од деменција.
Јаткасти плодови
Овие намирници се одличен извор на магнезиум, кој е еден од најдобрите хранливи материи за подобрување на расположението. Јадењето многу јаткасти плодови може да им помогне на луѓето кои имаат проблеми со спиењето да се релаксираат и да се одморат повеќе ноќе, покажа едно истражување.
Доволно количество на магнезиум во телото го намалува апетитот и го спречува прејадувањето, а со тоа и зголемувањето на телесната тежина. Покрај тоа, жените во студијата кои примале 320 милиграми магнезиум дневно имале пониски нивоа на воспаление, реакција на имунолошкиот систем поврзана со срцеви заболувања, рак, дијабетес и Алцхајмерова болест.
Млеко
Излегува дека млекото е одлична храна кога станува збор за рамен стомак. Студијата од 2010 година, спроведена од експерти од Универзитетот во Алабама, заклучи дека група жени во пременопауза значително ги намалуваат телесните масти поради консумирање млеко и храна богата со калциум.
Всушност, на секои 100 мг калциум што го консумирале дневно, изгубиле околу 2,5 см сало од стомакот, што е многу опасно кога се обвиткува околу внатрешните органи, бидејќи е поврзано со висок ризик од срцеви заболувања и малигнитет.
Калциумот позитивно влијае и на сонот, ако исцрпеноста или грчевите на мускулите не дозволуваат да заспиете, бидејќи калциумот помага да се опуштат влакната и нервите во мускулите.
Цреши
Пред спиење, можете безбедно да јадете само цреши. Тие се одличен извор на мелатонин, чија важност веќе ја спомнавме заедно со омега-3 масните киселини. Мелатонин е одличен антиоксиданс, па затоа помага и во регулирање на телесната тежина.