4 корисни совети како да ги избегнете хаотичните утра со децата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Доколку ги сакате утрените рутини со децата кои неминовно вклучуваат многу реквизити кои водат до голем хаос, ви нудиме одлични совети како да го избегнете хаосот.

Во тој случај веројатно поради хаосот и не ви се баш драги утрата. Но, со овие совети тоа ќе ви премине во една од омилените работи со децата.

Немојте да го одложувате алармот. Едноставно, немојте

На првиот аларм нашето тело реагира со доза на адреналин, па доколку го занемарите и се вратите на спиење ќе се чувстувате поуморни. Доколку го одложите алармот тогаш ќе го скратите времето и енергијата, па така нема да стасате да ги завршите сите домашни обврски. И притоа да им посветите време на детето.

Доделете им и на децата некоја задача, така и тие ќе ви помогнат

Нема ништо да им наштети на децата ако ги навикнете уште од мали да бидат одговорни и да се навикнат на работни обрвски. Децата кои се на возраст од 5-6 години, може да завршат некоја обврска која и нив ќе им биде интересна, но и вам ќе ви помогнат.

Има нешто и во вечерното припремање

Кога од вечер ќе ги спремите некои работи, како облеката и слично. Обрвските кои остануваат за утрото ќе бидат знатно намалени а со тоа ќе се зголеми и слободното време. Па така ќе избегнете дел од хаосот кој може да настане.

Започнете со музика

Со некои тонови кои ве смируваат утрата ќе бидат вистинско уживање. Затоа се препорачува секое семејство да состави листа со омилени песни, така ќе уживате во работините обврски и нема да имате хаотични утра.