4-годишно момче почина како последица од месечарење на минус 20 степени


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Четиригодишно дете од Сибир починало откако месечарело, облечено само во пижами, на температура која во текот на ноќта се спуштила на минус 20 степени Целзиусови.

Мајката го пронашла телото, откако ги следела трагите во снегот. Таа се разбудила во 6 часот утрото и забележала дека малиот Богдан не е во куќата. Тој излегол надвор бос и без капа.

Детето месечарело и претходно, но во лето, кога температурите во Сибир се повисоки.

Руските власти започнаа истрага за настанот.