4.600 концерти во 52-годишната кариера: Елтон Џон кажа збогум на турнеите – прошталниот концерт го одржа во Стокхолм


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Музичката легенда Елтон Џон им порача на милиони свои фанови дека засекогаш ќе останат во неговите глава, срце и душа откако ја заврши маратонската проштална турнеја со концерт во Стокхолм. Седумдесет и шестгодишниот пејач одржа речиси 4.600 концерти низ светот во повеќе од 50-годишната кариера.

„Настапите за вас ми даваа живот, бевте апсолутно величествени“, кажа Џон во арената „Теле2“.

Тој ја почна прошталната турнеја во Северна Америка во 2018, настапувајќи пред шест милиони фанови додека го обиколуваше светот. Магазинот „Билборд“ процени дека ова е првата турнеја која донесе приход од 900 милиони долари од продажбата на карти.

Џон потврди дека веќе никогаш нема да оди на турнеја, иако би можел да има поединечни настапи.

„Ова беа 52 години вистинска радост. Но, сега сакам повеќе да ги ценам моето семејство, моите деца, сопругот, сѐ. Сум го заслужил тоа“, кажа Џон.