Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Финските научници направија 3D симулација со која прикажуваат како се шири коронавирусот кога некој кој е заразен од истиот ќе се накашла.
Научниците креирале компјутерска симулација за да проучат колку далеку вирусот може да стигне во затворен простор. Резултатите до кои дошле се загрижувачки – заразените капки можеле да заразат здрави лица и откако инфицираната личност заминала од местото на кое кашлала или кивнала.
Научниците велат дека најдобар начин да ја избегнете заразата е ако избегнувате јавни места на кои има многу луѓе.
Во видеото погледнете како капките на коронавирусот се шират низ продавницата и колку долго остануваат во воздухот.