38 сопруги, 89 деца и 36 внуци останаа без својот сопруг, татко и дедо


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во индиската држава Мизорам, на 76-годишна возраст, почина Зиона Чана, мажот за кој се верува дека беше глава на најбројното семејство на светот.

Чана, кој беше поглавар на верската секта која практицираше полигамија, почина во неделата, а зад себе остави 38 сопруги, 89 деца и 36 внуци.

Веста ја потврди главниот министер на Мизорама, Зорамтанга, кој на Твитер изрази сочувство. Чана наводно страдал од дијабетес и хипертензија.

Лекарите за новинската агенција Пи-ти-ај рекоа дека неговата состојба се влошила дом во неговото село Бактанг Тлангнуам. Во неделата навечер пренесен е во болница, каде по доаѓањето бил прогласен за мртов.

Тешко е да се каже дека Чана навистина бил глава на најголемото светско семејство, бидејќи постојат и други кои полагаат право на таа титула, пишува Би-би-си.

Исто така, тешко е да се процени точната големина на неговото семејство. Најмалку еден извештај тврди дека имал 39 сопруги, 94 деца, 33 внуци и еден правнук, што изнесува 181 човек.

Иако по локалните медиуми го нарекуваа „светски рекорд“ за толку големо земејство, нејасно е за колку глобален рекорд се работи. Но, без разлика дали бил или не светски рекорд, Чана и неговото семејство се вид локална сензација која ги привлекува туристите во селото на североистокот на Индија.