Актуелно

„360 Степени“: Од УФР предупредили, СЈО го игнорирало извлекувањето големи суми готовина од Камчеви

Од „360 Степени“ пренесуваат дека во изјава за нив, од Управата за финансиско разузнавање потврдиле дека постапила законски и го алармирале СЈО дека блиски луѓе од потесното семејно опкружување на осомничен во „Империја“ (Јордан Камчев) излекуваат големи суми готовина од личните сметки.

Откако банката (банките), како што бара законот, ја известила УФР за влечењето кеш, Управата за финансиско разузнавање, исто така како што бара законот, подготвила т.н. Извештај за сомнителни активности и го доставила до Специјалното обвинителство, потврдија за „360 Степени“ од УФР. Детали за тоа кога е испратен и што точно содржи Извештајот, од УФР не откриваат, повикувајќи се на доверливост на податоците содржани во документот.

Известувањето требало да биде аларм за Катица Јанева да провери што се крие зад повлекувањето големи суми во готово од блиски на осомничен во „Империја“. Според сознанијата на „360 Степени“, станува збор за готовината во евра што се гледа на видео-снимката што ја објави „Ла Верита“ и за која се слуша и во дел од обелоденетите аудио-материјали.

Advertisements
To Top